Во 1994 година Александар Пајковски и Коце Петров го основаа претпријатието и веќе шеснаесет години работат на реализација на заедничката визија - да изградат успешна IT компанија, која со своите решенија ќе може да се натпреварува со компаниите од развиените земји. Шеснаесет годишната историја на Дуна Компјутери е историја на воведување на нови технологии на македонскиот пазар.
1994
Развој на целосно интегрирани решенија за автоматска идентификација и прибирање податоци (AIDC). Дуна Компјутери се уште е единствен провајдер на AIDC решенија на македонскиот пазар.
1995
Отворање на првото интернет-кафе на Балканот. Свесни за иднината на Интернетот, им овозможуваат на своите корисници да осознаат цел еден нов свет.
1997
Инсталирање на првата дигитална печатница во Македонија во Државниот завод за статистика, со поддршка и обука обезбедена од Дуна Компјутери. Отпечатени се 700 000 избирачки легитимации и избирачки списоци за многу кус временски период и се пробиваат со дигиталните мултифункциски апарати на местото на „големите принтери“.
1997
Потпишан договор со ЕВН/ЕСМ за Utility Meter reading решение и негово интегрирање во постојниот систем на 17 локални подружници.
1998
Позитивно е оценет и одобрен проектот за одбележување на домашни животни со радиофреквентна идентификација (RFID), што се извршува во соработка со Институтот за сточарство при Земјоделскиот факултет во Скопје, кој требаше да биде применет како национална програма за превенција од шап и лигавка.
1998
Имплементирање на сопствено Sales Force Automation SFA решение во неколку големи претпријатија за дистрибуција и продажба, дистрибутери на производите на Nike, Gillete, Unilever, Пивара -Скопје и Coca-Cola.
2000
Спроведен и успешно тестиран пилот-проект за попис на населението и домаќинствата, во соработка со Државниот завод за статистика.
2002
Инсталирање на систем за симултан превод и конференциска опрема во Собранието на Р. Македонија.
2004
Сертификација по ISO 14001: 1996 стандардот, со што стана првата ИТ компанија во Македонија со Сертификат за управување со животната средина.


2006
Со потпишувањето на дистрибутерскиот договор, го понуди на нашиот пазар светскиот бренд Apple, на задоволство на голем број вљубеници во врвниот квалитет, модерниот дизајн и ненадминливите перформанси. Отворен е првиот продажен салон Apple Premium Reseller во Градскиот Трговски Центар, според пропишаните Apple стандарди, кои се идентични во целиот свет.

2007
Во ЈП Водовод и канализација успешно е имплементиран интегрираниот информациски систем Ultima Enterprise, комплетно решение на развојниот тим на Дуна Компјутери, кое го покрива целокупното работење на претпријатието.
2008
Започна со дистрибуција на Garmin, лидер во производството на GPS навигациони комуникации и сонарни производи.
Дуна Компјутери стана генерален увозник за интерактивни табли Clasus за Македонија и Косово.

2009
Отворен е нов продажен салон за Apple во трговскиот центар Рамстор. Истата година е отворен првиот Apple регионален тренинг центар на Балканот. Во Apple RTC се нудат бесплатни обуки за студенти и професори од сите македонски универзитети, а наставата се изведува исклучиво на Apple хардвер.
2010
Во мај 2010 година Дуна Компјутери стана ексклузивен увозник на шаторите Tentnology за Македонија и Косово. Во јуни 2010 година Дуна Компјутери го претстави првото македонско ERP решение, софтверот Ultima во четири основни пакети Distribution, Standard, Professional и Enterprise. Од септември 2010 година, Дуна Компјутери стана единствен овластен увозник, дистрибутер и сервисен центар за Ricoh во Македонија.
Дуна Компјутери стана генерален увозник за конференциски системи Digiton за Македонија и Косово.
2011
Дуна Компјутери го пресели седиштето на компанијата во нов и модерен деловен простор на бул. Октомвриска Револуција во Скопје.